„НЕМА ПРЕДАВАЊЕ, НЕМА ПРИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО“ Вучиќ и Дачиќ со пркосни пораки ги храбрат Србите
„Сите кои доаѓаат од меѓународната заедница велат дека се свесни дека сѐ додека премиер на Косово е Албин Курти нема да има мир или договор со Приштина и дека Курти е најголемиот дестабилизирачки фактор во регионот во моментов“, рече вицепремиерот Ивица Дачиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ им порача на Србите во Косово дека „нема да има предавање“. Пораката до сите останати е да се формира заедница на српски општини (ЗСО), рече Вучиќ.
„Нема да има предавање, тоа е одлука на Србија и моја порака до нашиот народ на Косово и Метохија, кој уште еднаш е принуден да ги брани своите огништа на барикадите“, објави српскиот претседател на Инстаграм.
Тој посочува дека пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваат во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи, како што вели, само така може да се започне нормализирање на односите и животите на сите.
„ Ја продолжуваме борбата со сите легални средства за мир, за подобар живот и иднина на нашите деца. Србија ќе победи“, рече Вучиќ.
Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека црвените линии за Србија се дека не сака нови преговори за Бриселскиот договор и за Заедницата на српските општини.
– Кои се нашите црвени линии? Прво, нема преговори за она што веќе го договоривме. Второ, нема признавање на независноста на Косово или членство во Обединетите нации. Трето, нема физички напади, односно загрозување на безбедноста на Србите. Тоа се нашите црвени линии. Подготвени сме за мир, но за тоа е потребна и друга страна – нагласи истакна Дачиќ.
Тој рече дека меѓународната заедница не сака целосно да ја почитува или имплементира Резолуцијата 1244, но и дека не може да ја укине, бидејќи е потребно мнозинство во Советот за безбедност на ОН, иако Приштина веќе неколку пати барала нејзино укинување, како и УНМИК и КФОР да се укинат.
Дачиќ рече дека со барањето за враќање на српската војска и полиција на северно Косово, Србија сака да укаже дека постои обврска на меѓународната заедница да ги заштити сите граѓани на Косово.
– Сите кои доаѓаат од меѓународната заедница велат дека се свесни дека се додека премиер на Косово е Албин Курти нема да има мир или договор со Приштина и дека Курти е најголемиот дестабилизирачки фактор во регионот во моментов, рече Дачиќ.
Запрашан за досегашните најголеми притисоци врз Србија, кои според најавата на Вучиќ ќе следат кога Косово ќе поднесе барање за членство во ЕУ на 15 декември, Дачиќ рече дека веројатно ќе биде „кондензација на различни видови притисоци”, да се прифати ситуацијата на теренот, некој конечен договор што би подразбирал признавање на Косово и одобрување на членството на Косово во ЕУ и Советот на Европа.