НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КАЈ „ТРЕСКА“ Се евакуираат жителите од околните објекти (ВИДЕО)
Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.
Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.
Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.
Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.
Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.
На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот.
Во близина на опожареното место дојда и градоначалниците на Општина Центар, Горан Герасимовски, и на град Скопје, Данела Арсовска.
View this post on Instagram