НЕМА ПОВРЕДЕНИ РАБОТНИЦИ Изгаснат е пожарот во блок 3 во РЕК Битола

Тоа е еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот.

1,350

Пожар избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола вечерва во 22.50 часот, но веќе е изгаснат и нема повредени,  информираа од АД Електрани на Северна Македонија.

„Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“,  се наведува во соопштението од АД Електрани.

 

Поврзани содржини