НЕМА ПОВЕЌЕ ЗАДОЛЖЕНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИЗЛОРАНИ ОПШТИНИ Локалната власт сега има поддршка од централната власт

Се базираме на неколку столбови. Првиот е одговорниот однос на Владата кон локалните самоуправи, кои добиаат капитални проекти, за разлика од порано кога капиталните инвестиции се вадеа од ракав, а потоа со ребалансите на буџетите се кратеа, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

256

Локалните самоуправи сега имаат поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од претходно кога власта на СДСМ и ДУИ работеше на принципот „како до сега“, а капиталните инвестиции се вадеа од ракав, истакна Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Телевизија 24.

Лефков ја наведе излезноста на локалните избори како најважен параметар.






– Излезноста на парламентарните избори секогаш е поголема отколку на локалните избори. Ние на претходните локални избори имавме над 290.000 гласови за советнички листи, над 320.000 гласови за градоначалници – рече Лефков.

Лефков истакна дека локалните самоуправи имаат поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се гледа преку двата јавни повика за поддршка на проекти.

– Се базираме на неколку столбови. Првиот е одговорниот однос на Владата кон локалните самоуправи. Затоа што во 7 години владеење на претходната влада капиталните инвестиции се вадеа од ракав, потоа со ребалансите на буџетите истите се кратеа и не ја гледаа светлината на денот. Сега општините ги добиваат капиталните проекти – рече Лефков.

Второ е одговорното работење на градоначалниците, додаде тој.

– Гледаме дека оваа кампања за локални избори за среќа не е обоена со скандали, кои што претходно можевме да ги видиме – рече тој.

Лефков потсети на енергетската криза за време на претходната власт во земјава и како централната власт се однесуваше кон локалните единици. Го наведе примерот со комуналните јавни претпријатија, кои беа оставени на слободниот пазар, а цените за електричната енергија достигнаа 800 милиони евра, што доведе до задолжување на комуналните претпријатија.

– За енергетската криза се потрошија 327 милиони евра, кои што потоа со заклучок на Владата и со законот за усвојување на реализација на буџетот беа нотирани како капитални инвестиции – кажа Лефков.

Поврзани содржини