Нема повеќе шетање низ Брисел без маска

Во текот на минатата недела во белгиската престолнина во просек дневно беа регистрирани по 50 новозаразени на 100.000 жители.

201

Носењето заштитна маска за лице од денеска е задолжително во Брисел, пренесуваат белгиските медиуми, кои посочуваат дека мерката е донесена поради зголемениот број на заразени со коронавирус.

Во текот на минатата недела во белгиската престолнина во просек дневно беа регистрирани по 50 новозаразени на 100.000 жители, што ја принуди градската власт да наложи носење маска на сите јавни места во градот, што значи и во паркови и улици.






Мерката не се однесува на деца до 12 години, како и за луѓе со посебни потреби.

Поврзани содржини