„НЕМА ПОУБАВО ДЕВОЈЧЕ ОД БУГАРЧЕ“ Теа Таировиќ се правда, песната ја изменила поради убава девојка од публиката ВИДЕО
Познатата српска пејачка Теа Таировиќ ја разбесни македонската јавност и ги запали социјаните мрежи откако ги промени стиховите на една од најубавите македонски песни „Македонско девојче“.
Таа на настап во бугарски Благоевград, познатата македонска песна „Македонско девојче“ ја испеа со: „Нема поубаво девојче од Бугарче…“!
Таировиќ на Инстаграм се правда дека вечерта на нејзиниот настап имало и Бугари и Македонци, додека пак за стихот тврди дека го изменила поради убава девојка од публиката.
– Не се занимавам со политика и не ме интересираат политичките случувања ниту во мојата, ниту во другите држави – вели Таировиќ.
Пејачката потенцира дека на нејзиниот нареден албум ќе се најде песната со назив „Македонија“ со која, како што таа вели. сака да оддаде почит и благодарност за љубовта која ја добива од македонската публика.