Нема потврда дека лекот фавипиравир има ефекти во лекување на ковид, вели Филипче
Додаде дека тој лек се користи за инфлуенца, за грип и оти додека не бидат завршени студиите не може да бидат сигурни дека помага и кај пациенти заболени со коронавирус.
Воопшто нема потврда дека лекот фавипиравир има ефекти во лекувањето на пациенти заболени од Ковид, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.
Додаде дека тој лек се користи за инфлуенца, за грип и оти додека не бидат завршени студиите не може да бидат сигурни дека помага и кај пациенти заболени со коронавирус.
– Апсолутно не сме препорачале никакво лекување, на ниту едно ниво во здравствениот систем нема препорака и нема да го препорачаме, нормално, како и секој друг лек додека нема соодветен доказ во некоја од клиничките студии или испитувања кои веќе се спроведуваат – нагласи Филипче.