Нема потреба од мобилизација, тврди претседателот на Азербејџан

Во моментов нема потреба од тоа. Нема потреба од мобилизација, рече Алиев, додавајќи дека Владата ќе стори се што е можно за да ја поддржи својата армија.

234

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека во моментот нема потреба од мобилизација во таа држава поради ескалацијата на тензиите на границата со Ерменија.

– Во моментов нема потреба од тоа. Нема потреба од мобилизација, рече Алиев, додавајќи дека Владата ќе стори се што е можно за да ја поддржи својата армија.






Беспилотни летала и тешка артилерија беа користени во судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во вторникот, а 16 лица загинале на двете страни, вклучувајќи и азербејџански генерал.

Конфликтот на чувствителната ерменско-азербејџанска граница избувна во неделата.

Азербејџан објави дека 11 војници од таа земја и еден цивил се убиени во текот на трите дена од конфликтот, додека Ерменија објави дека четворица нејзини војници биле убиени во вторникот.

Поврзани содржини