НЕМА ПОТРЕБА ОД ДВОЈНО МНОЗИНСТВО ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА Професорката Гордана Силјановска Давкова го подучи Бујар Османи
На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации, истакнува Гордана Силјановска Давкова.
Двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, одговори кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на изјавата од министерот за внатрешни работи Бујар Османи кој денеска кажа дека за Влада е потребно двојно мнозинство, односно обично и Бадентер.
– На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова.
На изборите има само еден победник а т.н. двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се дирекно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. @Bujar_O pic.twitter.com/bxRI66Nap3
— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) May 2, 2024