НЕМА ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН Манчестер сити постави нов рекорд во Премиер лигата

127

Манчестер сити постави нов рекорд во англиската Премиер лига. Актуелниот англиски фудбалски шампион во 2023 година победи на сите натпревари одиграни на домашен терен.

Избраниците на Пеп Гвардиола денеска го совладаа Брајтон (2:1) во 9. коло од Премиер лигата.






Последниот пораз на Манчестер Сити на домашен терен е од 31 декември 2022 година. Оттогаш победија на 21 натпревар одиграни на стадионот „Етихад“. Ова е рекордна серија за англиските тимови.

„Граѓаните“ следниот натпревар на домашен терен ќе го играат на 4 ноември – против Борнмаут.

Поврзани содржини