НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА Инфицирани се 55 лица, осуммина од нив по вторпат
Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.002 тестови, а регистрирани се 55 нови случаи на ковид-19: Скопје – 39, Битола – 4, Гостивар–3, Куманово и Штип – по 2, Прилеп, Велес, Струмица, Струга и Гевгелија – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (55), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирано e 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 6, Охрид – 3, Берово – 2, Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија, и Неготино – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.063.935 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.473, бројот на оздравени пациенти е 302.729, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 431“, наведено е во соопштението.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)