НЕМА ПАТОГЕНИ БАКТЕРИИ ВО ДРУГИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ Од 9 тестирани училишта, само „Димо Хаџи Димов“ било „позитивно“

По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии, се вели во соопштението на Институтот.

0

По вонредната контрола во 9 основни училишта во Карпош, само во ОУ „Димо Хаџи Димов” е утврдено присуство на патоени бактери и во земените примероци, информира Институтот за јавно здравје.

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од Институт за јавно здравје направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата.






По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии.

Освен во едно од училиштата каде на 2 површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена.

ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, кои се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје“ – се вели во соопштението на Институтот.

Поврзани содржини