НЕМА ПАТ ЗА БиХ ВО НАТО Додик вели дека Комшиќ лаже, „тој не е избран од граѓаните и граѓанките“

Жељко Комшиќ не е избран од граѓаните и граѓанките, како што лажно тврди, туку е избран од дел од Федерацијата, и тоа не тој што требаше да биде – хрватскиот народ, како што налага Уставот на Босна и Херцеговина, туку од бошњачкиот народ, напиша Додик на Твитер.

134

Додик кажа дека „сето тоа што Комшиќ го кажа во својот говор е целосна лага” и затоа, како што наведе, ја напуштил конститутивната седница на Претседателството на БиХ додека тој говорел.

„Жељко Комшиќ не е избран од граѓаните и граѓанките, како што лажно тврди, туку е избран од дел од Федерацијата, и тоа не тој што требаше да биде – хрватскиот народ, како што налага Уставот на Босна и Херцеговина, туку од бошњачкиот народ”, напиша Додик.

Поврзани содржини