Нема откази за вработените како замена во образованието

Владата ги промени уредбите за основно и средно образование во вонредна состојба.

476

Владата денеска ги донесе и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за Законот за средното образование, и Уредбата со законска сила за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за време на вонредна состојба.

Со нив се овозможува продолжување на работниот однос на административните службеници, помошно-техничките лица, и стручните соработници кои засновале работен однос во основните или средните училишта до денот на утврдување на постоење на вонредната состојба, без јавен оглас на определено време на работно место кое е испразнето по основ на пензионирање, боледување, отказ, смртен случај и преземање.






На седницата Владата ги донесе и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба со цел да се одложи спроведувањето на испитите кои се во надлежност на Министерството и да се продолжи рокот на важење на сертификатите на возачите кои вршат превоз на опасни материи.

Со цел да се продолжи рокот на важење на сертификатите на возачите кои учествуваат во меѓународниот патен сообраќај и да се одложи спроведувањето на јавниот оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, на оваа седница е донесена Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.

Поврзани содржини