НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА ИДНИНА Ковачевски вети просечна плата од 1.100 евра на старт на кампањата
Во оваа кампања ќе зборуваме повеќе за иднината. Ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. Со влезот во ЕУ проектираме дека ќе достигнат до 1.300 евра просечно, односно по 800 евра минимална плата. Обезбедивме по 200 евра прво вработување за млади до 26 години. Првпат во историјата ќе има едноцифрена бројка на невработеност од 7 проценти до крајот на мандатот. За пензионерите ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари, минимална од 20.000 денари, зголемени со влезот во ЕУ, рече Ковачевски.
Под мотото „Нема откажување од иднината“, „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ денес во Музејот на Современа уметност во Скопје, ја почна предизборната кампања за парламентарните избори.
– Нема откажување додека Македонија не стане дел од Европа и Европа не ја донесеме во Македонија – порача Ковачевски од говорницата.
Тој зборваше за иднината на Македонија:
– Македонија заслужува европска иднина и не за 10 или 15 години туку сега во наредните пет или шест години. Младите заслужуваат. Тие мора да растат и да останат во нивната родна земја која ќе биде членка на ЕУ, со висок животен стандард, развиено здравство, модерно образование и чиста животна средина.
Меѓу другото, Ковачевски вети просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.
– Во оваа кампања ќе зборуваме повеќе за иднината. Ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. Со влезот во ЕУ проектираме дека ќе достигнат до 1.300 евра просечно, односно по 800 евра минимална плата. Обезбедивме по 200 евра прво вработување за млади до 26 години. Првпат во историјата ќе има едноцифрена бројка на невработеност од 7 проценти до крајот на мандатот. За пензионерите ќе обезбедиме просечна пензија од 30.000 денари, минимална од 20.000 денари, зголемени со влезот во ЕУ – рече Ковачевски.
Тој најави дека една од мерките за борба против корупцијата ќе биде и ветинг а ќе бидат опфатени политичарите, функционерите, судиите и обвинителите.
Во своето обраќање тој се осврна и кон своите опоненти, опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор. Мицкоски гордо чекори по стапките на неговиот идол од Будимпешта. Исто како и Груевски, подготвен е Македонија уште 100 години да не влезе во Европската Унија – потенцираше Ковачевски.