(OБНОВЕНО) ВОСПОСТАВЕНА Е ДЕЛУМНА КОНТРОЛА Пожарот во Зелениково ќе биде доизгаснат утре, ќе се следи состојбата
Состојбата во текот на ноќта ќе ја следат скопските пожарникари. Утре наутро ќе одлучиме на кој начин ќе се пристапи за догаснување на овој пожар во атарот на село Смесница, Општина Зелениково, велат од ЦУК.
Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК велат дека во овој момент нема потреба од интервенција на воздухоплови.
„Состојбата во текот на ноќта ќе ја следат скопските пожарникари. Утре наутро ќе одлучиме на кој начин ќе се пристапи за догаснување на овој пожар во атарот на село Смесница, Општина Зелениково“.
Пожарот избувна доцна попладнево на територијата на општина Зелениково во атарот на селата Страхојадица, Смесница и Ново Село.
– Веќе нема опасност за манастирот и селото и верувам дека многу бргу пожарот ќе биде целосно изгаснат. Ќе се следи состојбата за да не дојде до негово повторно разгорување – претходно посочи Ангелов.
Големиот пожар во скопско Ајватовци исто така беше локализиран.