Нема опасност по здравјето од пожарот во ОХИС, пожарникар заврши во болница ГАЛЕРИЈА

Освен линданот сите хемикалии се отстранети, нема опасности за безбедноста на жителите. Ние ќе останеме тука додека во целост не се изгасне – вели градоначалникот на Кисела вода, Филип Темелковски.

551

Локализиран e пожарот во кругот на ОХИС, потврди заменик командирот на противпожарната единица која се справуваше со огнот.

За време на интервенцијата еден од пожарникарите вдишал чад и е однесен на Клиниката за токсикологија.






Остануваат на терен екипи кај Управната зграда, бидејќи во неа имаше посилен оган. Оган горел и врз депонијата со линдан, но се претпоставува дека тоа не предизвикало разгорување или активирање на опасната хемикалија.

Дека нема опасност од труење на воздухот потврдуваат од Државниот инспекторат за животна средина.

– Според информациите кои ги имаме околу 17 часот избувнал пожарот на три локации во фабриката Охис. Едниот ја зафати познатата управна зграда Билјана и во нејзина близина на две места. Противпожарната служба интервенираше со 7 возича и 30 пожарникари. Ќе останат неколку возила за прететпазливост. Освен линданот сите хемикалии се отсранети, нема опасности за безбедноста на жителите. Ние ќе останеме тука додека во целост не се изгасне – вели градоначалникот на Кисела вода,  Филип Темелковски.

Според пожарникарите, пожар избувнал на три одвоени места и затоа и било проблематично гаснењето со две возила, бидејќи останатите се испратени по други терени низ скопскиот и другите региони во земјава.

Тие немаа информација дали огнот ќе предизвика последици од депонијата со екстремно отровниот линдан. Среќна можеби е околноста дека над депонијата имало малку сува трева и не би требало да бидат предизвикани последици.

Сепак, во кругот на ОХИС е повикан со свои луѓе Државниот инспекторат за животна средина, а повикан е и стечајниот управник на ОХИС со оглед на тоа што е опожарена управната зграда.

Според претставниците од Државниот инспекторат за животна средина, огнот не зафатил хемикалии и нема никаква опасност по здравјето на луѓето и животната околина. Сообраќајот по булеварот „Борис Трајковски“ од безбедносни причини, но и за да имаат пристап противпожарните екипи, беше затворен и сообраќајот се пренасочуваше кон други локални патишта. Сега сообраќајот е нормализиран.

 

Поврзани содржини