НЕМА ОПАСНОСТ ДА НИ БИДЕ СОПРЕН ГАСОТ, ВЕЛИ БОЖИНОВСКА Македонија има долгорочен договор, до тогаш треба да профункционира гасоводот со Грција
Ние имаме долгорочен договор, што значи не важи одлуката за укинување на рускиот гас од 1 јануари 2026-та. Македонија троши 500.000 кубни метри и тоа не е некоја голема количина. Додека да престанат да важат долгорочните договори, би требал да биде готов гасоводот со Грција и не би требало да имаме проблеми, вели министерката за енергетика и рударство Сања Божиовска.
Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика Сања Божиновска.
Вчера, 20 октомври, Советот на Европската Унија го поддржаа предлогот за укинување на увозот на рускиот природен гас од 1 јануари 2026 година, но дека ќе има преоден период за склучените договори.
Краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година можат да продолжат до 17 јуни 2026 година, додека долгорочните договори можат да важат до 1 јануари 2028 година.
– Ние имаме долгорочен договор, што значи не важи одлуката за укинување на рускиот гас од 1 јануари 2026-та. Македонија троши 500.000 кубни метри и тоа не е некоја голема количина. Додека да престанат да важат долгорочните договори, би требал да биде готов гасоводот со Грција и не би требало да имаме проблеми. За сите оние кои немаат решение за гасот, алтернативни решенја ќе се бараат на ниво на Европската унија. Секако, нема да останеме без гас – изјави министерката Божиновска.
Гасот за скопјани е особено важен затоа што најголем дел од централното греење доаѓа од когенеративната гасна централа ТЕ-ТО.
Засега гас имаме само од гасоводот од Бугарија.
И во случај ако не го направиме гасоводот и не работи Александропулис потенцираше дека не треба да се грижиме и оти нема да останеме без гас.
– Ќе има решение на ниво на ЕУ, секако дека никој нема да не остави без гас, бидејќи тоа е исто и за Европа и за сите држави и не треба да не загрижува. Ние сме многу мали во однос на тоа што го трошат сите, рече Божиновска.
Таа потврди дека државава уредно ги плаќа фактурите за годишен закуп на капацитет во новиот терминал во Александрополис иако не работи.
– Можам да ги прашам колегите во ЕСМ, колку што знам не работеше, а ние ги плаќаме уредно фактурите, кривични пријави беа поднесени и немаме инфорација дека нешто е процесуирано. Се плаќаат 250.000 евра месечно, тоа е договор склучен на 15 години и мора да се плаќа – рече Божиновска.
Како што посочи, времето ќе покаже дали се плаќа за бадијала.
– Тоа треба да се види сега засега плаќаме нешто што ниту сме можеме да го користиме, ниту годинава ќе го користиме. Има ангажирано правни служби кои работат на тоа. Според тоа што е потпишано не може да се раскине договорот – рече Божиновска.