Нема онлајн уплати во домашните кладилници, обложувачите се насочуваат кон странските

Според нивните пресметки од мај до декември преку онлајн уплатите во државната каса влегле близу 2 милиони евра, а обложувалниците биле растоварени од метеж во уплатните места.

249

Македонските обложувачи од денеска нема повеќе да имаат можност за онлајн уплати во домашните кладилници.

Причината за тоа истекот на рокот на уредбата со која обложувалниците во изминатите шест месеци организираа онлајн обложување. Во текот на вчерашниот ден од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) упатија барање до владата да овозможи и во следниот период да може љубителите на овие игри на среќа да уплаќаат преку компјутер, во спротивно предупредуваат дека државата ризикува да изгуби 100 милиони евра во буџетот, пари кои во моментов се неопходни.






– Уредбата на Владата усвоена на 24-ти април е донесена како одговор на криза и таа помогна да се сочуваат многу работни места кои директно и индиректно ги поддржува индустријата – повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно се зависни од генерирање на личен доход во еден цел ланец на вредности кој го создаде оваа индустрија. Уредбата помогна на приредувачите да ги задржат своите вработени, но и да продолжнат да влеваат средства во државниот буџет, кој на годишно ниво изнесува 280 милиони евра. Уредбата се покажа како одлично решение за одржливост на оваа индустрија, која директно вработува околу 10.000 луѓе и има силен придонес кон државната економија, особено што спортското обложување беше една од најпогодените гранки во кризата. Прво заради стопирањето на сите спортски натпревари ширум светот, а покасно и заради тоа што спортските обложувалници беа затворени речиси два месеца согласно рестриктивните мерки на Владата. Индустријата на игри на среќа плаќа високи даноци и учествува со неверојатни 4% удел во бруто домашниот производ, а придонесот на индустријата на игри на среќа кон јавниот буџет годишно се зголеми околу 40 отсто – беше наведено во соопштението.

Според нивните пресметки од мај до декември преку онлајн уплатите во државната каса влегле близу 2 милиони евра, а обложувалниците биле растоварени од метеж во уплатните места.

Инаку обложувалниците со почетокот на пандемијата беа први кои ставија клуч на врата, но и први ги отворија вратите. Иако имаат загуби во работењето сепак велат дека успеале да ги задржат сите вработени. Во казината и кладилниците работат околу 12 илјади работници.

Поврзани содржини