НЕМА ОЛЕСНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ ЗА КИЧЕЕЦ Зошто судот не ги зел предвид отежителните околности?

Едно време се учеше кривично право темелно, овој фушерај им одговара само на тие што можат да платат или да купат правда, коментира на Фејсбук адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, во врска со спогодбата на Зоран Милески Кичеец, кој доби само 6 месеци затвор за сообраќајката на Стража, во која загина 1 лице, а 7 беа повредени.

737

„Обвинителството во одговор посочува дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или од опијати во крв и во урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента”.

Така е, како олеснителни околности при одмерување казна да се земаат нормални работи, како што се да не возиш пијан и да не возиш брзо. Можеле да пишат дека, ете, имал ставено и појас, дека возел со вклучени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. Шест месеци е фер!






А дали обвинителството му ја зема како отежителна околноста дека вкупно 7 лица имаат тешки телесни повреди од тој негов ЕДИНСТВЕН пропуст?

Дали го зема како отежителна околноста што извршил злоупотреба на дозвола за лекување и што воопшто не требал да биде во кола на Стража, туку во болница или дома, бидејќи нели, срцеви проблеми, тахикардии има и слично?

Дали обвинителството му ја зема за отежителна околноста што со таа негова „докажана“ здравствена состојба тој би требало да избегнува да вози, особено на отворен пат?

Жал ми е за децата на починатиот и за целото негово семејство.

Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus eventualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било, на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица.

Разликата е во свесното прекршување правила!

Едно време се учеше кривично право темелно, овој фушерај им одговара само на тие што можат да платат или да купат правда.

(Фејсбук статус на Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат)

Поврзани содржини