НЕМА ОДЕЊЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕКУ МЕЏИТЛИЈА Грчките земјоделци денеска ќе го блокираат граничниот премин

Блокадата ќе трае од 11 до 17 часот по македонско време.

1,053

Земјоделците од северот на Грција денеска целосно ќе го блокираат граничниот премин Ники на грчка страна, што значи дека нема да функционира и граничниот премин Меџитлија од македонска страна.

„Македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција преку Меџитлија сѐ до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила“, потврдија од граничниот премин Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.






Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.

Блокадата ќе трае од 11 до 17 часот по македонско време.

Поврзани содржини