НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата во Кичево

Нивото на Црна Река во селото Новаци изнесува 310 сантиметри.

85

Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување, информира Центарот за управување со кризи.

„Во Битолскиот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на улицата Буковски мост за поплавена куќа. Случајот е пријавен во Територијалната противпожарна единица Битола за понатамошно постапување“, информира ЦУК.






Нивото на Црна Река во селото Новаци изнесува 310 сантиметри.

Во Долнени утрово се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонија пат“.

„На подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување. 250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи.
Екипи на ЈП „Комуналец“ и пожарникарите вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први мај и 29 Ноември“, соопшти ЦУК.

Во 5:45 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патните правци Гостивар–Стража–Кичево и Гостивар–крак Маврово–Дебар. На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

Поврзани содржини