НЕМА НОВ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА Ракометарите загубија во битката за бронзата

Во финалето кое ќе почне во 17:30 часот ќе играат Шпанија и Египет.

150

Македонската ракометна репрезентација не успеа да се закити со бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Попладнево избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од селекцијата на Србија со 34:29.

Македонците добро го почнаа натпреварот и веќе во 15. минута имаа водство со 9:6. Следуваа минути на Србите кои најпрво го изедначија резултатот (10:10) во 22. минута, а до крајот на полувремето направија и разлика од два гола (15:13).






Како што одминуваа минутите во вториот дел така растеше и предноста на Србите ко во 45. минута имаа плус пет (26:21), а во 50. највисоки плус седум (30:23), доволно за сигурен триумф и 3. место.

Во финалето кое ќе почне во 17:30 часот ќе играат Шпанија и Египет.

Поврзани содржини