НЕМА НИШТО СПОРНО ВО НАБАВКАТА НА БИТУМЕНОТ Ковачевски е дециден дека се запазени законските процедури

Во јавноста се изнесуваат непроверени информации кои јавното претпријатие ги демантираше. Спротивно на изнесените наводи од ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за договор во четири очи, се работи за отворена јавна набавка спроведена на електронска аукција, посочи премиерот Димитар Ковачевски.

301

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека при набавката на битуменот од страна на Јавното претпријатие  за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се испочитувани сите законски процедури.

Ако опозицијата се сомнева дека тоа е така, тогаш има можност да поднесе пријава до надлежните институции, истакна тој.






– Во јавноста се изнесуваат непроверени информации кои јавното претпријатие ги демантираше. Спротивно на изнесените наводи од ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за договор во четири очи, се работи за отворена јавна набавка спроведена на електронска аукција при што, целосно се испочитувани законите и процедурите. Во однос на споредбите со ЈП Улици и патишта, се работи за споредби меѓу два различни модели на понуди и специфики на испорака. Не се работи за договор во четири очи, туку станува збор за отворена постапка за јавна набавка на стока, објавена и во меѓународно гласило со спроведување на електронска аукција. Напоменувам дека за конкретниот случај целосно се испочитувани законските обврски и процедури – рече премиерот Ковачевски во одговор на пратеничко прашање од страна на пратеникот Бојан Стојановски.

Тој нагласи дека постапката е и согласно Законот за јавни набавки и сите законски предвидени процедури. Таа, рече, е спроведена преку Бирото за јавни набавки што може да се провери преку постапката број 07 – 0/2022.

Поврзани содржини