НЕМА НИШТО СПОРНО ВО ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Веќе четири години немаме програма за одбележување познати личности и настани

Во самата Декларација е предвидено да има дебати на Институтот за национална историја, МАНУ. Да има и поштенска марка со ликот на Гоце Делчев и неколку други активности, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата на ТВ24.

1,115

Слушнав и потешки квалификации од координаторот на пратеничката група на СДСМ и министерот за надворешни работи Бујар Османи дека ја истоветува Декларацијата со онаа на Каракачанов за Свети Кирил и Методиј, дека двете ВМРО се насочени кон рушење на евроинтеграциските процеси итн. Значи дека имаше тешки обвинувања околу Декларацијата за Гоце Делчев. А, никој не слушнав досега да каже што има во Декларацијата и што е спорно во Декларацијата. Јас ја прочитав Декларацијата и во основа е програма за одбележување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Во самата Декларација е предвидено да има дебати на Институтот за национална историја, МАНУ. Да има и поштенска марка со ликот на Гоце Делчев и неколку други активности, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата на ТВ24.

Клековски додаде дека оваа Декларација се случува затоа што во Собранието на Република Македонија од 2018 година не се носи програмата за одбележување на познати линости и настани. Комисијата за култура која ја претседава пратеникот од владејачкото мнозинство има обврска паралелно со буџетот да подготви програма за одбележување на познати личности и настани. Таа програма се доставува до надлежните институции и се буџетира и се постапува по истата. Но, Македонија од 2018 година нема програма. Минатата година немаше програма за одбележување на Блаже Конески и Кирил Пејчиновиќ.






Клековски во текот на емисијата се осврна и на планот 5+1.

– Ако Бујар Османи го исклучува Собранието, ако ја исклучува Комисијата за надворешни работи и дава непристоен предлог на пратениците да одат еден по еден во канцеларијата на министерот, тоа е комплетно извртување на однос извршна и законодавна власт. Значи министерот оди во Собранието, а не Собранието кај министерот – рече Клековски.

Клековски додаде дека апсурдно е власта да го кани ВМРО-ДПМНЕ во комисиите, а да не сака да ја прикаже платформата на која се преговара.

– Ако не е тајна, што има во тие одговори? Едноставно одбивањето да се презентираат одговорите на затворена седница создаваат некаков сомнеж. Ако власта одбива да ја презентира пред опозицијата платформата на која преговара како очекува опозицијата да влезе во комисиите за тие преговори – нагласи Клековски.

Во однос на избирање на уставни судии, Клековски посочи дека власта сака да помине листа на уставни судии кои се неприфатлици за опозицијата.

– СДСМ сака да помине листа на уставни судии кои се неприфатливи за опозицијата. А, бидејќи не може да се влезе во дијалог и да се конкретно разговара за еден легитимен состав на Уставниот суд, не останува друг механизам од блокирање, филибастеринг – истакна Клековски.

Клековски додаде дека СДСМ го игнорира Собранието, Талат Џафери распишува избори во Центар Жупа и Маврово Ростуше без да ја информира опозицијата. Опозицијата дознава од медиуми дека ќе има избори. Тоа е нечуено однесување на владејачкото мнозинство.

– СДСМ на што сака става европско знаменце за да го помине законот. Ако има нешто да се протурка, а да нема дискусија се става европско знаменце. Опозицијата е ставена во комплетна изолација – појасни Клековски.

Поврзани содржини