НЕМА НИШТО НАЦИОНАЛИСТИЧКО Картата на Голема Албанија е премногу мала и едвај се гледа, порача Ковачевски
Сатирична вест на порталот Кооперација.
Првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски, за медиумите ја коментираше одлуката на неговиот шеф, Али Ахмети, свечено да отвори музеј на УЧК во селото Сопот, во чиј склоп е поставена спомен-плоча со мапа на Голема Албанија и објасни зошто во неа нема ништо националистичко.
– Да беше мапата распространета на некоја поголема површина, од неколку километри квадратни, ајде и да речеме дека е националистичка. Ама за мапиче од метар и пол – на пола метар, кое едвај се гледа, стварно нема потреба да креваме тензии – рече Ковачевски.
Целата сатирична вест на порталот Кооперација прочитајте ја на следниот ЛИНК.