НЕМА НИ ЗБОР ЗА ИСПРАЌАЊЕ МИГРАНТИ ОД БРИТАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Амбасадорот Лосон ги демантира шпекулациите што ги шират опозициските медиуми

Се работи за соработка меѓу полициските сили и справување со бандите, не за прифаќање мигранти, соопшти британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски во македонската влада.

225

Британскиот амбасадор Метју Лосон ги демантираше тврдењата и шпекулациите на медиумите на СДСМ и ДУИ, односно, јасно нагласи дека со стратешкото партнерство со Обединетото Кралство не станува збор за прифаќање мигранти во Македонија. Ова го соопшти на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во македонската влада.

– Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите, и ова го правиме со повеќе европски земји. Не се работи за тоа, дека ќе се прифаќаат мигранти од Британија. Ова е широко партнертство, има многу шпекулации во медиумите на оваа тема, но не, овде не се работи за тоа. Се работи за соработка меѓу полициските сили и за справување со бандите, не за прифаќање мигранти, соопшти Лосон.

Поврзани содржини