„НЕМА НИ ФАЛА ОД ТРАМП, А БЕЗ МЕНЕ НЕМАШЕ ДА ПОБЕДИ“ Маск не го бендисува законот кој ги „прескокнува“ електричните возила

Трамп изјави дека Маск бил запознаен со тоа како функционира законот за данок и трошењето и дека првично немал проблем со него, но дека проблемите продолжиле кога милијардерот дознал дека тоа ќе влијае на електричните возила кои ги произведува Тесла.

631

Познатиот милијардер и доскорешен сојузник на американскиот претседател, Илон Маск, ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка.

„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите. Каква неблагодарност“, објави Маск на Икс.






Веднаш по избувнувањето на расправијата вредноста на акциите на Тесла, компанијата на Маск, нагло паднаа на Волстрит, за осум проценти.

Трамп рече дека е разочаран од Маск кој критикуваше закон кој го предложи Трамп.

Од друга страна, американскиот претседател изјави дека не знае дали ќе има добри односи со милијардерот во иднина..

– Отсекогаш го сакав Илон. Видовте какви зборови имаше за мене. Не кажа ништо лошо за мене. Подобро би било тој да ме критикува мене отколку законот, бидејќи законот е неверојатен. Тоа е најголемото намалување (на трошењето) во историјата на нашата земја – рече Трамп.

Тој изјави дека Маск бил запознаен со тоа како функционира законот за данок и трошењето и дека првично немал проблем со него, но дека проблемите продолжиле кога милијардерот дознал дека тоа ќе влијае на електричните возила кои ги произведува Тесла.

Пред неколку дена, Илон Маск изјави на мрежата Икс дека законот на Трамп е „одвратен изрод“ што ќе ја „банкротира Америка“.

Станува збор за правен пакет што вклучува обемни даночни олеснувања, стимулации за енергетскиот сектор и укинување на претходната обврска за воведување електрични возила во јавниот сектор.

Поврзани содржини