НЕМА МИР СО РУСИЈА ДОДЕКА НЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ВОЈНИЦИТЕ Зеленски отфрла било какви мировни преговори

Руското министерство за надворешни работи го отфрли предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје во Украина.

235

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли можноста за какви било мировни преговори со Москва без претходно повлекување на руските трупи од територијата на Украина.

– Луѓето кои секојдневно убиваат, силуваат и пукаат во нашите градови со крстосувачки ракети не можат да сакаат мир. Прво треба да ја напуштат нашата територија, па ќе видиме, рече тој.






На прес-конференцијата одржана во Лвов во западниот дел на Украина Зеленски предупреди дека „не треба да и се верува на Русија“.

Зеленски ова го изјави откако руското министерство за надворешни работи го отфрли предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје во Украина.

Портпаролот на руското министерство Иван Нечаев предлогот на Гутереш го нарече неприфатлив, тврдејќи дека демилитаризацијата би ја направила нуклеарната централа „поранлива“.

Гутереш претходно месецов ги повика руските сили да се повлечат од комплексот на централата на „безбедно демилитаризирано растојание“. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваа за неодамнешното гранатирање на централата, што предизвика стравување од можна нуклеарна хаварија.

Поврзани содржини