НЕМА МИНИСТЕР ПЛУС ЗА ВРЕДИ Ист човек ќе биде и вицепремиер и министер
Очекувам дека ќе ги доставам имињата во Собранието веќе во понеделник, откако ќе бидат искристализирани. Тоа се горе-долу оние имиња кои што циркулираат во јавноста – изјави премиерот Мицкоски.
Предзлозите за нови министри од редовите на коалицијата Вреди ќе бидат доставени во Собранието до понеделник, а Вреди нема да добие дополнителен ресор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Оваа недела ќе се знаат имињата на министрите од Вреди. Но, она што е сигурно е дека коалицијата Вреди ќе ги задржи досегашните ресори. Тука нема да има дополнителни поромени, нема да има дополнителни сектори. Тоа е договорено во редовите на нашата коалиција. Очекувам дека ќе ги доставам имињата веќе во понеделник, откако ќе бидат искристализирани. Тоа се оние имиња кои што горе-долу циркулираат во јавноста – изјави премиерот Мицкоски.
На прашањето дали во Вреди има несогасувања околу конкретните имиња, Мицкоски одговори дека нема таков впечаток.
Во врска со бројот на министрите за коалицијата Вреди премиерот одговори дека ќе имаат ист број на ресори и на министри.
– Коалицијата Вреди нема да има плус еден човек, туку новата личност која ќе дојде на местото на Изет Меџити ќе биде вицепремиер и министер за нешто – објасни Мицкоски.