НЕМА МЕСТО НА СЦЕНАТА ЗА ПОЛИТИЧАРИ ШТО ЈА ОМАЛОВАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА Глас за крај на корумпираните, порача Мицкоски

Овие избори се помеѓу две опции - непринципиелна коалиција меѓу Венко, Али и Димче и од друга страна коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која е за право, правда, достоинство, подобар живот, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Конче.

87

Кандидатот за градоначалник на Конче, Златко Ристов ќе направи сè за жителите на Конче, за подобри услови за живот, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Конче.

Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции.






– Треба да се гласа така за да се стави крај на корупцијата и корумпираните политичари. Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата, а истовремено ја омаловажуваат Македонија не треба да бидат на политичката сцена. Сетете се само какви понижувања им приредија на граѓаните и на Македонија – кажа Мицкоски.

Оттука, укажа Мицкоски, овие избори се помеѓу две опции – непринципиелна коалиција меѓу Венко, Али и Димче и од друга страна коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која е за право, правда, достоинство, подобар живот.

– Значи или гласаме за назад кога се ограбуваше народот и државата, или за коалицијата која 15 месеци се бори да им врати сè на државата и на граѓаните. Затоа гласате за вас, вашето место, вашата иднина. Да излеземе масовно и да пратиме силна порака дека сме против ограбувањето на Македонија. Да излеземе и заедно да гласаме за број 9 – заклучи Мицкоски.

Поврзани содржини