НЕМА ЛАБАВО СО КОНТРОЛИТЕ НА ПИРОТЕХНИКА На Бит Пазар запленети 6.000 парчиња, уапсени лица во Куманово и во Липково
Секторот за внатрешни работи Куманово денеска соопштои дека се приведени 44 лица од Куманово и Липково кои продавале пиротехнички средства на зелениот пазар во Куманово и на влезот од градот, соопшти денеска СВР Куманово.
Над 6.000 парчиња пиротехника била запленета во текот на вчерашниот ден на Бит Пазар.
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени оперативно – тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје на улицата „192“ на подрачје на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.
„Известен е јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави“, потенцираа од МВР.
Исто така, Секторот за внатрешни работи Куманово денеска соопштои дека се приведени 44 лица од Куманово и Липково кои продавале пиротехнички средства на зелениот пазар во Куманово и на влезот од градот, соопшти денеска СВР Куманово.
На 25 декември во координирана акција на полицијата кај Градско и во Скопје беа запленети над 25 тони пиротехнички средства, а меѓу приведените е и активен полициски службеник.
Лекарите од кумановската општа болница, денеска предупредија на здравствените ризици за младата популација од користење на пиротехника. Д-р Иван Аргиров, специјализант по општа хирургија од здравствената установа, вели низ годините повремено третираат пациенти, пред сè млади лица со повреди предизвикани од пиротехнички средства.