НЕМА КРАЈ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА АНЧЕЛОТИ Седми заразен играч во тимот на Реал, можно е да има и осми

Досега во изолација се Модриќ, Бејл, Асенсио, Родриго, Марсело и Лунин, а им се приклучи и Иско. Најново е дека Давид Алаба не тренираше претпладнево, сомнежите се дека и тој е позитивен на ковид-19, а тоа треба да се потврди попладнево.

425

Коронавирусот се прошири за краток период во соблекувалната на Реал Мадрид. Откако минатата недела беа заразени шест фудбалери, сега се појави и седми случај.

Досега во изолација се Модриќ, Бејл, Асенсио, Родриго, Марсело и Лунин, а им се приклучи и Иско, па тренерот Карло Анчелоти се наоѓа во сериозни проблеми.






Најново е дека Давид Алаба не тренираше претпладнево, сомнежите се дека и тој е позитивен на ковид-19, а тоа треба да се потврди попладнево.

Од списокот на фудбалери само Модриќ е незаменлив во стартниот состав, исто така и Алаба, додека останатите се резервисти или делат минутажа во ротација како Асенсио и Родриго.

Дополнителна лоша вест за Анчелоти е тоа што Касемиро е суспендиран, а Карвахал е повреден, па ниту тие нема да може да настапат на натпреварот против Атлетик Билбао, кој е закажан за среда од 21.30 часот.

Поврзани содржини