„Нема крај“ на музичките новитети од Александар Тарабунов – Летен хит кој ќе ве освои на прво слушање ВИДЕО

491

Пејачот Александар Тарабунов – Тара после неколку месеци принудна пауза и музичка илегала поради новонастанатата ситуација со пандемијата со коронавирус, конечно со нов сингл и видеозапис.

Станува збор за темата „Нема крај“, која својата официјална премиера ја имаше денеска, и е негово авторско дело и го означува стартот на неговата кариера како кантавтор.






– Времето поминато во карантин го искористив за да творам. Направив мало студио во својот дом, се посветив на музицирање, а прв производ од мојата „музичка кујна“ е токму „Нема крај“. Aранжманот го сработив заедно со Роберт Билбилов, кој му даде светски призвук на рефренот и целосно ја среди продукцијата, додека, пак, текстот е заедничко дело на мене и Зоран Зонде Стојановски кој се потпишува и како режисер на спотот -открива Тарабунов.

Кадрите за видеото се снимени на две локации – Скопје и Преспа, а спотот е „жива“ разгледница. Покрај Тара, во дел од кадрите се појавува и манекенката Сара Дојчиноска.

Поврзани содржини