НЕМА КРАЈ НА МАКИТЕ, СЕВЕРИНА ПОВТОРНО НА СУД Судијката од пејачката бара 3.000 евра отштета
Судијката Луција Ласиќ ја тужи Северина за повреда на личните права и бара од пејачката нешто помалку од 3.000 евра отштета.
Пејачката Северина Вучковиќ (51) се соочува со правни потешкотии додека се уште е активен судскиот процес што го покрена судијката Луција Ласиќ. Судијката Ласиќ ја тужи Северина за повреда на личните права и бара од пејачката нешто помалку од 3.000 евра отштета.
Четвртото рочиште, закажано за понеделник, на 18 март, во Општинскиот граѓански суд во Загреб, беше одложено поради болест на пејачката. Постапката се води зад затворени врати, а пејачката не е обврзана лично да се појавува на суд.
Тужбата против Северина е поднесена во февруари 2020 година, а во оваа правна постапка пејачката ја застапува адвокатката Јасминка Билош. Иако деталите од тужбата остануваат недефинирани, јавноста е запознаена со изјавите на Северина на прес-конференцијата во октомври 2019 година.
Тогаш пејачката изнала обвиненија против судијката Ласиќ во контекст на судската постапка што се однесувала на грижата за нејзиниот син.
Судијката Луција Ласиќ беше членка на судскиот совет на Жупанискиот суд во Сплит, кој одлучуваше по жалбата на Северина на одлуката на судот дека нејзиниот малолетен син живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Нејзе ѝ е одземено и правото да одлучува во однос на здравствената заштита и образованието на детето.
Оваа ситуација ја става Северина под дополнителен правен и емотивен притисок, бидејќи се соочува со контроверзите околу нејзиниот приватен живот и судските постапки, пишува „24сата“.