НЕМА КОЈ НЕ Е ГРИПОСАН Процентот на заболени скокна за 41,7%

„Нови 1.675 заболувања од грип или, пак, слични на грип, се пријавени во земјава во третата недела од годинава, а тоа е 41,7 отсто повеќе споредено со претходната седмица“, соопшти Институтот за јавно здравје.

517

„Нови 1.675 заболувања од грип или, пак, слични на грип, се пријавени во земјава во третата недела од годинава, а тоа е 41,7% повеќе споредено со претходната седмица“, соопшти Институтот за јавно здравје.

Бројот на заболени е поголем за 47,6% споредено со минатата сезона, а зголемувањето е за 32,2% споредено со третата недела од типичната епидемиска крива (моделирана во последните 13 сезони).






Во однос на возрасната дистрибуција, 1.012 лица се на возраст од 15-64 години, 256 деца на возраст од 5-14 години, 237 деца на возраст од 0-4 години и 170 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во Скопје има 295 заболени, во Битола 287, во Тетово 165, во Гостивар 149, во Дебар 110, во Куманово 104, а во останатите региони помалку од 100.

Во оваа недела е регистриран еден смртен случај асоциран со грип. Лицето било од Неготино и имало 45 години. Било хоспитализирано во КИБФС. Кај починатото лице биле утврдени коморбидитети (кардиоваскуларни болести, белодробни болести, дијабетес и обесност) и не било вакцинирано против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Инфлуенца А (H1) pdm09.

Вкупниот број случаи на грип или, пак, заболувања слични на грип во сезоната 2023-2024 година е 5175. Споредено со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има раст од 34,6%.

Поврзани содржини