ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство
Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
ЈСП „Скопје“ денеска објави оглас за вработување на возачи. Со тоа се потврди информацијата која ја објави Плусинфо пред извесно време дека од претпријатието си заминуваат околу 70 возачи.
Огласот може да се види на интернет страната на ЈСП, каде се објавени и условите според кои ќе се примаат новите возачи. Во огласот не е прецизирана бројката колку точно возачи се бараат.
Според огласот, се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување. Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Сите заинтересирани кандидати треба да ја испратат потребната документација најдоцна до 02.10.2023 година.
Неодамна Плусинфо објави дека околу 70 возачи најавиле дека ќе се заминат од претпријатието од 1 октомври затоа што потпишале договори за работа во странска компанија кај нас.
Синдикалецот Маријан Поповски ги потврди информациите за заминувањето на возачите од претпријатието, но не прецизираше колкумина ќе го напуштат ЈСП од следниот месец.
ОКОЛУ 70 ВОЗАЧИ ЌЕ ЗАМИНАТ ОД ЈСП ДО 1 ОКТОМВРИ? Ќе возат за германска компанија во земјава