НЕМА КОЈ ДА ГИ ОБУЧУВА ВОЈНИЦИТЕ Бајден ги повлече и војниците-инструктори од Украина

Војниците кои ќе бидат повлечени се дел од Националната гарда Флорида, а одлуката е донесена како мерка на претпазливост, имајќи ја предвид безбедноста на војниците.

709

Американските власти наредија повлекување на 160 војници од Украина, кои беа задолжени за обука на украинските сили, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека војниците ќе бидат прераспоредени некаде во Европа.

Војниците кои ќе бидат повлечени се дел од Националната гарда Флорида, а одлуката е донесена како мерка на претпазливост, имајќи ја предвид безбедноста на војниците.






Американски војници од 2015 година ја обучуваат украинската армија заедно со војниците од другите земји-членки на НАТО, меѓу кои и Канада и Германија.

Поврзани содржини