НЕМА КОЈ ДА ГИ ЛЕТА БРИТАНСКИТЕ Ф35-КИ Обуките траат осум години, а моделите се со нова технологија
Министерот Валас нагласи дека една од причините за недостиг од пилоти е и тоа што американскиот ловец Ф-35 е нов тип на авион, па додаде оти војската на располагање има нешто повеќе од 20 авиони што вредат над 100 милиони фунти по парче.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска соопшти дека воздухопловните сили на армијата на Велика Британија имаат повеќе борбени авиони Ф-35, отколку пилоти кои се обучени да управуваат со нив.
Тој информираше дека проблемот со летачката обука е главната причина за недостигот од пилоти, јави Скај њуз.
Како што појасни министерот, обуката трае дури осум години, а планирано е да биде од две до три.
Валас нагласи дека една од причините за недостиг од пилоти е и тоа што американскиот ловец Ф-35 е нов тип на авион, па додаде оти војската на располагање има нешто повеќе од 20 авиони што вредат над 100 милиони фунти по парче.
Авионот Ф-35 е еден од најскапите и најпрестижните во составот на британската војска и се смета дека придонесува за значајно унапредување на безбедносните способности на вооружените сили, поради неговите софистицирани радари, сензори и други делови од опремата.
Велика Британија планира да набави 138 парчиња, но засега купи 27.