НЕМА КОЈ ДА ЈА БОДРИ ХОЛАНДИЈА НА ТРИБИНИТЕ Селекторот смета дека навивачите донеле исправна одлука

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Репрезентацијата на Холандија ќе игра во групата против Катар, Еквадор и Сенегал.

246

Селекторот на Холандија Луј ван Гал ги откри своите размислувања за одлуката на навивачите на националниот тим да го бојкотираат Светското првенство во Катар во 2022 година.

Тој смета дека навивачите постапуваат правилно со тоа што го искажуваат своето мислење на ваков начин.






– Мислам дека навивачите кои го бојкотираат Светското првенство во Катар се во право бидејќи веруваат во тоа. Не гледам проблем. Се надевам дека ќе можеме да играме магично и кога ќе стигнеме до финалето, тие ќе го гледаат натпреварот на ТВ и ќе видат колку сме добри – изјави Ван Гал за „Франс прес”.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Репрезентацијата на Холандија ќе игра во групата против Катар, Еквадор и Сенегал.

Поврзани содржини