📸 НЕМА КИДНАПИРАНИ ДЕЦА, ЛУЃЕТО ОД ФОТОГРАФИЈАТА СЕ РОМАНЦИ! Апел од МВР да не се пласираат лажни вести по социјалните мрежи
Еден корисник на Фејсбук напиша дека лично се соочил со луѓето кои се обиделе да ги киднапираат неговите две внуки.
Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите, кои се проширија на социјалните мрежи за наводни случаи на киднапирања деца.
„Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР.
Претходно, на социјалните мрежи се појавија коментари од граѓани кои тврдеа дека луѓето од посочената фотографија се киднапери, дека „оперираат“ низ Скопје, особено во скопско Батинци, но и дека се забележани во прилепско Долнени.
Еден корисник на Фејсбук напиша дека лично се соочил со луѓето кои се обиделе да ги киднапираат неговите две внуки.
Инаку, полицијата откри дека станува збор за класична лажна вест, дека фотографијата со лицата коишто се посочени како киднапери е направена во 2015 година во Романија.