НЕМА КАЈ НЕМА ИГРАНО Лукаку се враќа во прегратките на Конте
Според италијанските медиуми сумата на трансферот изнесува 30 милиони евра.
Наполи се засили со белгискиот фудбалер и досегашен играч на Челси, Ромелу Лукаку.
Наполитанците потпишаа договор со 31-годишниот фудбалер до 30 јуни 2027 година.
Според италијанските медиуми сумата на трансферот изнесува 30 милиони евра.
Лукаку дојде во Челси во август 2021 година од Интер за 113 милиони евра. Оттогаш, Белгиецот мина цела сезона во англискиот тим, по што играше како позајмен за Интер и Рома.