НЕМА ИСЧЕЗНАТО БЕБЕ НА КЛИНИЧКИ Пријавата е лажна, полицијата ја приведе жената

Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна. Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување“, информираат од МВР.

502

Откако медиумите доцна попладево информираа дека бебе исчезнало од скопските клиники, предмалку Министерството за внатрешни работи извести дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А, полицијата ја приведе.

– Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А.. Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна. Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување“, информираат од МВР.






ИСЧЕЗНАТО Е ПЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ, ТВРДАТ РОДИТЕЛИТЕ Клиниките немаат регистрирано таков пациент, а МВР постапува по пријавата

Поврзани содржини