НЕМА ФАВОРИЗИРАЊЕ НА НИТУ ЕДНА ОПШТИНА Град Скопје ќе одвои 120 милиони денари подеднакво за сите

Доколку некој планира да прави политички поени, дали на национална, дали на партиска или каква било основа, треба да се откаже уште веднаш, затоа што јас такви поделби не правам. Пак ќе истакнам, животот на граѓаните треба да биде подеднакво убав за сите нив, вели Арсовска.

372

Во 2022 година средствата ќе се трошат подеднакво во сите 10 општини, нема да биде фаворизирана ниту една општина за кои од буџетот на Градот се одвоени 120 милиони денари, брифираше градоначалничката Арсовска.

– Ние побаравме од сите 10 градоначалници да достават проекти, а тие испорачаа проекти кои треба да се реализираат и оние коишто се во рамки на меѓуопштинска соработка и буџетот може да ги издржи, во секоја општина подеднакво ќе биде направен барем по еден проект – информираше градоначалничката.






Таа потенцираше дека како човек нема намера да ги дели општините и граѓаните, по каква било основа и дека е градоначалничка на Градот Скопје и на сите скопјани.

– Доколку некој планира да прави политички поени, дали на национална, дали на партиска или каква било основа, треба да се откаже уште веднаш, затоа што јас такви поделби не правам. Пак ќе истакнам, животот на граѓаните треба да биде подеднакво убав за сите нив – вели Арсовска.

Градоначалничката додаде дека соработка со општините во делот на парковите што ќе се прават, исто така имаат и во делот на проектирањата каде што се предвидени голем дел од работите коишто треба да се прават, а кои со ребалансот се очекува да се започне со изградба.

Поврзани содржини