НЕМА ЕКОНОМСКА ОСНОВА ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 36.000 ДЕНАРИ Работодавачите предупредуваат дека нереалниот минималец може да затвори голем број компании

Работодавачите предупредуваат дека со зголемување на минималната плата на 36.000 сите што имаат просечни плати под 36.000 денари, речиси 100.000 вработени во државата ќе се најдат во многу незгодна ситуација затоа што ќе треба од првиот до последниот работник да имаат иста минимална плата.

1

Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36.000 денари. Износот од 57% на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите..

Димитров потсетува дека кај нас со закон е предвидено дека минималната плата не може да биде под 57% од просечната плата, што, посочува, е повисок износ во однос на Европската унија, каде што е околу 50%.






– Мислам дека треба разум, платата не е работа на желби, туку на економски критериуми. Затоа во Европската Унија четири години се расправаше за Директивата за минимална плата и првин што утврдија е дека не може во цела Европа да има една минимална плата затоа што земјите не се на ист степен на економски развој. Донесе директива со која минималната плата, за да не предизвика економски проблеми, треба да се движи околу 50% од просечната плата. Во Македонија отидовме уште понатаму. Во нашиот закон е предвидена дополнителна заштита дека минималната плата не може да биде помалку од 57% од просечната плата. Ако сега 50% од инфлацијата и 50% од порастот на просечната  плата падне под 50%, ќе го земеме вториот критериум, 57% од просечната плата, што мислам дека е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа – изјави Димитров за МИА.

Износот од 36.000 денари што се бара, посочува Димитров, не се заснова на ниеден економски критериум.

– Не само на законските основи, каде што платата треба да се усогласи со порастот на инфлацијата од 4,2% и порастот на просечната плата повеќе од  9%, туку е, едноставно, од рака затоа што 36.000 во однос на сегашната минимална плата е пораст од речиси 50%, односно 47%. Кои економски параметри пораснале за 47%, БДП, продуктивност, износ на вкупно производство? Нема економски критериум што пораснал толку. Од друга страна, фактички тоа ќе значи крах за сите трудоинтензивни дејности, кои сега имаат плата под 36.000 денари, тоа се многу работници, бидејќи, на пример, и оние што вадат лигнит во рудниците од РЕК имаат просечна плата од 32.000 денари, значи и тие од прв до последен треба да земаат иста плата – рече Димитров.

Тој додава дека „во барањето на синдикатот не се земени никакви економски критериуми и оти единствено се држат на нивната потрошувачка кошничка“, која, посочи, Владата на некој начин ја оспори и треба да излезе со друга. Слично, истакнува, како што се случи сега во Словенија, каде што работодавачите реагираа ако само синдикатот ја прави синдикалната потрошувачка кошничка, таа е подложна на многу субјективизам.

Димитров наведува и дека сите што имаат просечни плати под 36.000 денари, речиси 100.000 вработени во државата ќе се најдат во многу незгодна ситуација затоа што ќе треба од првиот до последниот работник да имаат иста минимална плата.

– Тогаш, добрите работници, тие со повисоко звање, нема да може да се наградат. Ќе падне продуктивноста, слично како во 2018 година кога имавме огромно зголемување од 15.000 на 18.000 денари и пропаднаа 1.400 компании – вели Димитров. 

Поврзани содржини