НЕМА ДРОГА ШТО НЕ МУ JA ЗАПЛЕНИЛЕ!? Уапсен струмички дилер
При претрес извршен во домот и други простории, кај М.Т. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја.
Полициски службеници од СВР Струмица денеска претпладне го уапсиле М.Т.(44) од Струмица, откако извршиле претсрес во неговиот дом.
При претрес извршен со наредба од Основен суд Струмица во дом и други простории, кај М.Т. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја, информира СВР Струмица.
Лицето е приведено во СВР Струмица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негово комплетно документирање против М.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.