НЕМА ДРАСТИЧНО ПОСКАПУВАЊЕ ЗА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ Дурмиши сепак знае дека сезонските производи се „солени“

Државниот пазарен инспекторат утре ќе достави извештај за контролите направени во мај по истекот на мерките на владата.

171

Министерот за економија, Бесар Дурмиши денеска изјави дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи.

Тој рече дека поскапувања има само кај сезонски производи кои не спаѓаат во делот на основните прехранбени.






-Денеска се слушнав со директорот на пазарниот инспекторатот. Утре до владата ќе биде доставена информацијата за вонредните контроли во мај. Ќе не известат точно како се движеле цените по завршување на мерката. Од она што знам засега, нема драстично зголемување на цените, само на производи кои се сезонски, но тие не спаѓаат во делот на прехранбените основни производи – рече Дурмиши.

 

Поврзани содржини