НЕМА ДОЗВОЛА ЗА ЗГРАДА НА 28 КАТА Градоначалникот Јакимовски ги смирува карпошани

Деновиве, како што тврди градоначалникот, ќе се става камен темелник на една голема инвестиција на турска компанија, која ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци.

1,081

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски уверува дека во Карпош нема да се гради 28-катница. Зграда е вметната во Деталниот урбанистички план, а според Јакимовски ќе има најмалку 10 спрата.

– Јас прв излегов и кажав дека 28-катница во Крпош нема да има. Зграда со 28 ката нема да има, таму е предвидено вискоа зграда, но може да биде најмногу на 10 ката – рече Јакимовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.






Тој најави дека наскоро во општина Карпош ќе се случат инвестиции во вредност од 1,5 милиони евра.

– На одлуките на Советот и на мојот ангажман чекаат инвестиции од милијарда и пол евра. Јас максимално ќе работам да ги отвориме вратите за овие инвестиции, а со тоа да се зголемат приходите во општините и граѓаните да имаат поквалитетни услуги. Штом ќе имаме повеќе средства повеќе ќе вложуваме во градинките, во училиштата, ќе има за сите потреби за граѓаните на општината – рече Јакимовски.

Деновиве, како што тврди градоначалникот, ќе се става камен темелник на една голема инвестиција на турска компанија, која ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци. За ова инвестиција комуналиите се уплатени, Општината го издала одобрението за градба и се чека тоа да стане правосилно. Според Јакимовски ќе се развива левата страна од рекате Вардар, таму фирмата “Голден арт“ ќе гради објект.

Поврзани содржини