НЕМА ДОГОВОР ЗА ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Советот остана без мнозинство за ниту еден кандидат

Ниту еден од кандидатите за раководител на Вишото јавно обвинителство – Скопје не го доби потребниот број гласови, а членовите на Советот беа поделени во поддршката.

62

Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, со оглед дека ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови.

На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артан Ајро и Јасмина Костовска Здравевска, со оглед дека петиот кандидат Александар Марковски веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.






Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информира дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца, Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов, ги повлекле кандидатурите.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека останува на ставот да им се даде шанса на сите за напредок и ќе гласа за Јасмина Костивска-Здравеска.

– Обвинител со интегритет и има вештини и како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна, тоа се важни карактеристики за една менаџерска функција – рече Савески.

Марија Илиевска рече дека се согласува со ставот на Савески нагласувајќи дека тоа ѝ се потврдило и од интервјуто со кандидатите.

Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи нагласувајќи дека е кандидатка со најмногу искуство и, според него, најсоодветна.

Поврзани содржини