НЕМА ДИЛЕМА ДЕКА ЃОРЃЕ ДАВИД ЕДНАШ МЕСЕЧНО ЌЕ СЕ ЈАВУВА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД Неговиот бранител вели дека српскиот пејач максимално соработува со органите на прогонот
Николиќ максимално соработува со македонските органи на прогон и при секое нивно барање или повик ќе биде присутен за непречено одвивање на постапката – изјави адвокатот Цветковски.
Српскиот музичар Ѓорѓе Николиќ – Давид, кој вчера попладне ја напушти Македонија, откако Основниот суд во Куманово му ги врати личните документи, има обврска секој месец да се јавува во содот во Куманово и нема сомнение дека тој таа обврска ќе ја исполнува, вели неговиот бранител Виктор Цветковски за Куманово њуз.
– Николиќ максимално соработува со македонските органи на прогон и при секое нивно барање или повик ќе биде присутен за непречено одвивање на постапката – изјави Цветковски.
Ѓорѓе Давид учествуваше во сообраќајна несреќа којашто се случи на 21 јануари на автопатот Куманово – Табановце, на околу 2 километри пред граничниот премин, во која загина жена.
Според првичните сознанија на ОЈО Куманово, прво дошло до судир помеѓу автомобилите „поло” и „голф”, затоа што едно од возилата се приклучило на автопатот во недозволена насока. Патничката потоа излегла од тоа возило и во тој момент на неа налетал автомобил „опел инсигнија“ со српски регистарски таблици со кој управувал Ѓорѓе Давид.
Од ударот патничката од Куманово починала во болница, а полесно повреден во раката бил и српскиот пејач.